За прв пат после 1986 година Македонски железници ТРАНСПОРТ АД набави нови товарни вагони

Потпишан Протокол за работа на граничната станица Табановци

28.06,.2016 година

Во Белград на 27 јуни годинава, потпишан е Протокол за организација и регулирање на железничкиот сообраќај на граничната пруга во заедничката станица Табановци.

Потписници на протоколот ги дефинира односите помеѓу Инфраструктура на железниците на Србија АД - Белград, Србија Карго АД - Белград и Србија Воз АД - Белград од една и ЈП Македонски железници Инфраструктура - Скопје и Македонски железници Транспорт АД - Скопје од друга страна. Протоколот ја дефинира организацијата и регулирањето на железничкиот сообраќај и работите на железничкиот персонал на двете држави во заедничката гранична станица Табановци.

Најголема новина, што ја предвидува Протоколот за организација и регулирање на железничкиот сообраќај на граничната пруга во заедничката гранична станица Табановци, е податокот дека по неговото стапување во сила и македонската и српската гранична, царинска и санитетска контрола, во патничкиот и товарниот сообраќај, ќе се извршува само во железничката станица Табановци. На тој начин ќе се забрза протокот на возови на граничниот премин, а истовремено ќе се намали и времето за гранична, царинска и санитетска контрола.

Промовирање на проектот за рехабилитација и реновирање на депото за одржување на железничките возила

21.06.2016 година

Борејќи се со секојдневните проблеми предизвикани од 3 месечните блокади на јужниот дел од железничкиот коридор 10, со максимална ангажираност на сите други останати полиња, МЖ Транспорт АД Скопје спроведува низа позитивни проекти со кои целосно се менува сликата накомпанијата во еден модерен железнички превозник.

Со голема чест и задоволство, денеска го промовираме проектот за рехабилитација и реновирање на депото за одржување на железнички возила. Причини за задоволството да биде толку големо е фактот што овие градежни зафати се прават после дол период од точно 43 години од неговото пуштање во работа, и фактот што вработените конечно ќе добијат модерни услови за работа по сите европски стандарди.

Повеќе...

„Хелас“ ќе сообраќа и ова лето!?

16.06.2016 година

Популарниот „Хелас експрес“ ќе сообраќа ова лето. Ова е усогласено меѓу „Србија воз“, „МЖ Транспорт“ и „ТРАИНОСЕ“ - Грчките железници.

Согласно протоколот „Хелас експрес“ повторно ќе почне да сообраќа на 17 јуни кон Белград, односно 19 јуни годинава кон Солун. Последниот воз што ќе вози е на ден 3-4 септември 2016 година. По овој датум „Хелас експрес“ нема да сообраќа се до крајот на возниот ред 2015-2016 година.

Инаку, и ова лето „Хелас експрес“ ќе сообраќа по усталената шема од Белград до Гевгелија и обратно со класични патнички вагони, а на релацијата Гевгелија - Солун - Гевгелија патниците ќе бидат превезувани со автобуси на Грчките железници.

Измени во возниот ред 2015-2016 година

10.06.2016 година.

Нови возови кон Битола, Кичево и Кочани

Од недела, 12 јуни 2016 година, стапуваат во сила измените на возниот ред 2015-2016 година.

Со новиот возен ред од Скопје за Битола ќе возат шест возови со време на тргнување од Скопје во: 1.40; 6.42; 14.30; 17.10 и 20.12 часот. Од битола за Скопје возовите ќе тргнуваат во 3.10; 5.25; 12.50; 18.25 и 21.04 часот.

Со измените кон Кичево ќе сообраќаат два воза кои од Скопје ќе тргнуваат во 2.50 и 16.50, а од Кичево за Скопје во 5.33 и 19.30 часот.

Кон Кочани, исто така, ќе сообраќаат два воза и тоа од Скопје за Кочани во 1.54 и 15.22 часот, а од Кочани за Скопје во 5.00 и 19.30 часот.

Од Скопје за Велес ќе сообраќаат 14 возови првиот во 1.40, а последниот во 22.40 часот. во повратна насока првиот воз од Велес за Скопје тргнува во 5.03, а последниот во 23.07 часот.

Железничкиот патнички сообраќај кон Табановци, Гевгелија и Волково останува непроменет. кон Табановци ќе возат шест пара на возови, кон Гевгелија три, а кон Волково еден пар.

Воспоставен товарниот сообраќај со Солун

Денеска, по повеќе од 70 денови блокирање на Коридорот 10, воспоставен е железничкиот товарен сообраќај меѓу Скопје и Солун.

Имено, како што во повеќе наврати информиравме, поради кризата со мигрантите од арапските и африканските држави, од грчката страна на границата, кај Идомени беше блокирана пругата со што во прекин беше целокупниот железнички сообраќај меѓу Грција и Република Македонија. Блокадата, директно и индиректно, предизвика огромни штети на стопанствениците во Македонија, а и пошироко. Имено, со блокирањето на пругата престана превозот на стока наменет за Македонија, но истовремено и стопанствениците од Македонија не можеа своите готови производи да ги достават до своите коминтенти на светските пазари.

Блокадата негативно се одрази на финансиската состојба на МЖ Транспорт АД - Скопје, бидејќи истата не беше во состојба да ги реализира договорените превози од и за Солун, како и транзитот на бруто низ пругите на Македонските железници.

Тендер за набавка на три (3) нови електрични локомотиви (ELOCOs)

Назив на проект: Проект за обнова на возен парк на Македонски железници

Број на оглас:                            8247-IFT-43997

Држава:                                       Република Македонија

Сектор:                                        Транспорт

Бр. на Проект:                            43997

Средства на финансирање:  ЕБОР

Вид на договор:                         Стоки, работи и услуги за Проект

Вид на известување:               Барање за прибирање на понуди

Датум на издавање:                18.04.2016

Краен рок:                                  02.06.2016, 12:00 часот локално време

 

Оваа Барање за прибирање на понуди се однесува на Генералното известување за набавки за овој Проект, кое е објавено на интернет страната од ЕБОР, Известување за набавки (www.ebrd.com) на 1-ви Јуни 2012 г. и ажурирано на 8-ми Март 2016 г.

Македонски железници Транспорт АД Скопје („МЖТ“), во понатамошен текст „Клиент“ планира да искористи дел од средствата од заемот од Европската Банка за Обнова и Развој (Банка) за трошоци за набавка на нови електрични локомотиви, резервни делови, специјална опрема и поврзани услуги.

Клиентот ги поканува понудувачите да ги достават своите затворени понуди за договорот, кој ќе биде финансиран со дел од средствата на заемот:

Дизајн, производство, тестирање во фабрика и испорака на три (3) нови електрични локомотиви (ELOCOs), вклучително и резервни делови и специјална опрема;

Обезбедување на поврзани услуги, вклучително превоз, тестирање, прелиминарно пуштање во употреба и пуштање во употреба на три (3) нови ELOCOs;

Обезбедување на резервни делови и специјална опрема за три (3) нови ELOCOs за време на гарантниот период од 18 месеци;

Обезбедување на упатства за управување и одржување, цртежи и обука за персонал за три (3) нови ELOCOs;

За повеќе информации посетете го следниот линк: http://www.ebrd.com/work-with-us/procurement/p-pn-160418a.html

 

Повеќе...

Страница 1 од 2