Општи информации

 

Друштвото Македонски железници Транспорт АД - Скопје е основано со Одлука за основање на Акционерско друштво за транспорт Македонски железници Транспорт АД- Скопје од 8 мај 2007 година, донесена од Владата на Република Македонија.


Друштвото е правен следбеник на ЈП Македонски железници Ц.О. - Скопје.


Друштвото работи и учествува во правниот промет под фирма: Македонски железници Транспорт АД-Скопје, со седиште во Скопје, улица: “Трета Македонска бригада” бб.


Со Друштвото управува Управен одбор кој се состои од 7 членови, чиј претседател е Оливер Деркоски - дипломиран правник, а воедно и генерален директор на друштвото.



Покрај Управниот одбор, постои и Надзорен одбор, чиј претседател е Бошко Димоски - дипломиран економист.