Набавени нови вагони 2010

На 6 Мај 2011 година во Македонски Железници ТРАНСПОРТ А.Д. – Скопје се случи еден многу свечен момент. Имено, после цели 25 години, поточно  за прв пат  после 1986 година, Македонски железници извршија набавка на нови 36 товарни вагони.

Набавени се:

•    25 вагони Серија Rgns-z, произведени согласно TSI стандардите во фирмата ТЖВ ГРЕДЕЉ ДОО – Загреб, Република Хрватска,
•    11 вагони Серија Regnss-z, произведени во фирмата ГОША ДОО -Смедеревска Паланка, Република Србија.


Исто така извршени се темелни реконструктивни зафати на 6 локомотиви од кои:

•    2 електрични локомотиви, Серија 462, тиристоризирани и модернизирани во фирмата КОНЧАР ЕЛЕКТРИЧНА ВОЗИЛА ДД-Загреб, Република Хрватска,
•    4 дизел-електрични маневарски локомотиви, ремоторизирани и модернизирани во фирмата СЖ ЦЕНТРАЛНЕ ДЕЛАВНИЦЕ ЉУБЉАНА ДОО ПРОИЗВОДСТВО - Марибор, Република Словенија.

И покрај големата светска економска криза, со вонредни напори и безрезервна подршка на Владата на Република Македонија, за прв пат после 1986 година во Република Македонија набавени се нови товарни вагони, за што вработените во МЖ ТРАНСПОРТ АД Скопје изразуваат голема благодарност.
Вкупно се инвестирани ЕУР 8.539.320,00.